Трчањето кон ЕУ не прави фит?!

Патот кон Европската унија е како трчање. Доколку трчате за да стигнете некаде, тоа ќе ви донесе задоволство, но во суштина вие трчате за да бидете во добра здравствена состојба, да бидете фит. Ова е еден од одговорите на прашањата, зошто Европа, зошто сега, поставени од Фондацијата Институт отворено општество, на конференцијата на оваа тема.

Од граѓанското општество сметаат дека влезот во ЕУ не треба да биде технички процес во кој само ќе се штиклираат обврските што сме ги исполниле, туку ни е потребна суштинска европеизација.

На конференцијата беше потенцирано дека државите од Западен Балкан имаат историска можност, силно и недвосмислено да ја врзат својата иднина за Европската унија и дека тој момент мора да се искористи.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ