Ниски плати, притисоци и закани за медиумските работници во Македонија

Се пожалија на условите за работа, ниските плати, повреда на работничките права, притисоци и закани. Министерот за комуникации Роберт Поповски упати апел да се подобри економската состојба на медиумските работници и да се обезбеди стабилност на нивните работни места.

Евидентирани се 52 случаи на напади врз новинари од кои 10 се расветлени. Но она што загрижува е уништувањето на доказите од претходната власт.

Евидентен е одреден напредок во областа на медиумите кој е нотиран во извештајот на Европската комисија. Реформите во наредниот период ќе се интензивираат. Неопходна е поголема професионализација како и саморегулација која ќе треба да се постигне со носењето на законите за аудио и аудио визуелни медиумски услуги за за МРТВ.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ