Економија НБРМ ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто
Народната банка на Република Македонија ја задржува проекцијата на раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година до 3,5 проценти.
Носечки фактори за растот во 2018 година, како што рече на денешната прес-конференција гувернерот Димитар Богов, се извозот, инвестициите и личната потрошувачка.
За годинава останува и проекцијата на инфлацијата на околу два процента.



