
Филипче најави контроли во сите бањи
Во сите бањи ќе има контроли. Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или ДООЕЛ. Тоа е нешто што ние сега ќе го средиме да биде согласно важечкиот закон. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека станува збор за процес што го наследиле.