
Чавков по втор пат излезе од Шутка
Со две кеси полни лични работи екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков попладнево го напушти истражниот затвор во Шутка. Беше пуштен од притвор откако пристигнаа и последните документи поврзани со гаранцијата која ја прифатија судовите во замена за тоа да се брани од слобода. Недвижен имот вреден 600 илјади евра во куќи, станови, деловен простор и ниви од роднини и пријатели во Скопје и Струмица.
Пред Шутка го пречека неговата ќерка. Чавков втор пар излегува од притвор. Првиот откако Врховен му го укина притворот, беше во домашен притвор еден ден и половина, потоа Кривичен му определи повторно притвор врз основа на поднесеното обвинение за 27 април.
Понудениот недвижен имот во висина од 54 илјади евра за Ѓошевски и недвижности во вредност од 125 илјади евра за Поповски не биле соодветни. Од судот за Телма велат дека ги анализирале сите околности меѓу кои и висината на понудената гаранци.
„Во конкретните случаи понудената гаранција не е пропорционална на тежината на кривичното делото односно преземни дејствија за кои се товарат и во моментот таа гараницја не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство на обвинетите“, велат од Апелација.
Попладнево Кривичен ја прифати гаранцијата во недвижен имот на обвинетиот за 27 април Душко Лазаров од МВР за да се брани од слобода. И тој како и останатите обивнети пред него ќе излезе од притвор доколку Апелација ја потврди ваквата одлука. До сега Апелација ја потврди само одлуката за Чавков. За Митко Пешов судот ја одбил понудената гаранција за да излезе од Шутка во домашен приттвор.
Елена Ивановска Мукоска