
Директор и без психолошки тест и со помалку положени факултетски испити
Наместо 300 електронски кредити – 240 за положни испити или 4-годишно завршено образование. Собранискита комисија за транспорт, врски и еокологија се согласи и предложените олеснителни околности за назначување на директор за инспекторатот за живота средина. Мнозинството го изгласа и предлогот идните директори да не треба да полагаат психолошки тестови, на што бурно реагираше опозицијата.
Вработувањето на инспектори бил закочен процес велат од мнозинството пратеници. Затоа тие гласаа во измените на законот да се избришат потребните сертифкати за познавање на компјутерски програми како услов. Новиот кандидат ќе може усно да потврди дека познава „Ворд“ и „Ексел“.
Токму Државниот инспекторат за животна средина се најде во фокусот на јавноста откако за неколку месеци ги откри аномалиите во рудникот во изградба „Казандол“, печката загадувач во депониајта „Дрисла“ и голем број мали загадувачи, државно тело за кое повеќето граѓани не знаеа дека воопшто постои, рече Поповска на која и пречи политичката смена на доскорешниот директор Мирослав Богдановски со кадар на колациониот партнер ДУИ.
Павле Беловски