Уставниот суд ги поништи одлуките за распишување референдум за рудникот Казандоl

Уставниот суд ги поништи одлуките за распишување референдум за рудникот Казандол. Судот смета дека овие одлуки се неуставни и незаконити, бидејќи давањето концесии не е од локално значење за да може општината сама да распишува референдум.

Ставот на градоначалникот Перо Костадинов е пак, спротивен на ова. Тој е свесен дека референдумите не биле обврзувачки, но смета дека локалната самоуправа мора да има поголеми ингиренции во одлучувањето како ќе се развива.

Постапка за утврдување на законитоста денеска беше поведена и за референдумот во Дојран. Барањето за испитување на законитоста го поднесоа претходните градоначалници на овие две општини, Чурлиновски и Стамов, коишто беа против одржување на референдуми. Чурлиновски цели три месеци го оспоруваше одржувањето на референдум во Валандoво, за што иницијативата „Спас за Валандово“ мораше да собира потписи за негово распишување.

Костадинов вели дека најважно во целиот тој процес било да се чуе гласот на граѓанинот, бидејќи јавните расправи коишто се одржувале биле нетранспарентни и покриени со превез на тајност.

Минатата година во Југоистокот се одржаа вкупно шест референдуми иницирани од движењето против отворање на рудници. Три од нив беа успешни и три несупешни.

Сузана Мицва

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ