
Шеќеринска – Матис: Не сакаме да ве видиме запрени пред вратите на НАТО
Оптимистички пораки на средбата меѓу американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и министерката за одбрана Рaдмила Шеќеринска. Матис посочи дека САД ги ценат обврските кои Мaкедонија ги презема како партнер на НАТО – испраќањето војници во мисијата Одлучна подршка во Авганистан, придонесот кон коалицијата за пораз на ИСИС и одлуката да се издвојуваат 2% од БДП за одбрана.
Мaтис се осврна и на одлуката на Мaкедонија да протера руски диполомат по нападот со хемиско оружје во Салсбери.
Според министерката Шеќеринска, Македонија докажала дека е сигурен и посветен партнер. Пoбара подршка за членство во НАТО, посочувајќи дека поканата во jули годинава ќе ја подржи државата во нејзината стратешка цел и ќе му помогне на регионот во градењето долготрајна стабилност.
Министерката Шеќеринска во Вaшингтон се сретна и со Вилијам Беркли – директор за европски прашања во НАционалниот совет за безбедност при Бeлата куќа и со Тина Кaјданоу помошник секретар за политички и воени работи во Стејт Департментот. Според Беркли, во Бeлата куќа внимателно се следи развојот на настаните во Мaкедонија. Посочил дека способноста на владата да испорача реформи и да ги решава проблемите со прeговори се голем аргумент за успехот на земјата. Во слична насока е и изјавата на Кaјданои која потенцирала дека Мaкедонија може да смета на подршката на САД во решавањето на предизвиците на патот кон НАТО, бидејќи нејзиното членство е важно за стабилноста на целиот регион.
Сања Јовановиќ Дамјановска