Петмина свадбари од кочанското село Тракање завршиле на инфектологија

Петмина свадбари од кочанското село Тракање завчера завршиле на штипска инфектологија. Со симптоми на дијареа, повраќање и висока температура се згрижени во болницата. Според нивните искази викендов во Кочани на сведбеното мени имале стек, плескавици и пирошки. Епидемилозите и инспекторите се излезени на терен по пријавата на новото труење од храна. Во рок од само неколку дена ова е второ масовно труење на свадбари во источниот регион.

Претходно 16 штипски свадбари од три различни свадби но во исти угостителски објект завршија на инфективно, а анализите на Центарот за јавно здравје покажаа дека се затруени од бактеријата салмонела.

Лекарите од штипската Клиничка болница информираат дека состојбата со штипските свадбари е стабилна, на инфективното одделение лежат само двајца, а тројца пациенти се лечат амбулански.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ