Јавноста не ги виде целосната снимките за „Поткуп“, судењето се ближи до пресуда

Оригиналните снимки од градоnачалничкиот кабинет на Заев, каде разговара со бизнисменот Иван Сачавалиев, ги погледнаа само судиите обвинителката, премиерот и неговите адвокати. Скопска апелација ја прифатила жалбата на обвинителството, овие тајно снимени разговори како посебни истражни мерки, да не ги види јавноста, бидејки со тоа би бил прекршен законот.

Откако ја изгледа целосната снимка, без прекините со кои беше објавена на социјалните мрежи, Заев со оценка, вели се покажало дека случајот е наместен, со цел да се оцрни, со помош на агент провокатор кој бил уценуван. Очекува ослободителна пресуда.

Заев кој бараше јавноста да ја види целосната снимка рече дека доколку има законска можност по праовсилност на пресудата повторно ќе бараат да биде објавена. На следното рочиште за Поткуп во судница ќе се гледа верзијата која протече на социјалните мрежи. Адвокатите ги повлекоа и претходно предложените тројца сведоци вработени во општина Струмица па останува да биде сослушан Заев, со што  Поткуп се ближи до крајот. Премиерот одговара дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Сачевалиев за откуп на државно земјиште.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ