
Вардар ќе ја брани титулата во Келн и покрај поразот од Кил
Вардар загуби од Кил но обезбеди пласман на фајнал фор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Во „СЦ“ Јане Сандански го елиминира германскиот гигант и покрај поразот од 28:27 на реваншот од четвртфоналето за втора година по ред да учествува на завршницата во Келн, каде ќе ја брани титулата. Пласманот во најдобрите четири екипи европскиот првак го оствари поради повеќе постигнати погодоци на гостински терен односно победата од 29 – 28 пред седум дена во Германија.
По првите 30 минути двете екипи заминаа на одмор без предност со резултат 13:13. Во вториот дел Вардар го контролираше резултатот и постојано беше во водство, пред Кил во финишот да одговори на негативата од 27:25 со серија од 3:0 и да се избори за јалов триумф.
Арпад Штербик беше јунак на натпреварот со 16 одбрани додека нападот го предводеа, Вуко Борозан со шест голови, Лука Циндриќ со пет и Даинис Криштопанс со четири погодоци.
Фајнал фор турнирот во Келн ќе се одржи викендот на 26 и 27 мај.