
Туск: Вие застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска по средбата со премиерот Заев пред новинарите говореше на Македонски јазик.
Тој изрази благодарност за солидарноста која ја покажа Македонија во периодот на мигрантската криза.
Го посочи и случајот со труењето на рускиот шпион во Салзбери, вие застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас, порача Туск.
Туск истакна дека со потпишувањето на договорот за добрососедство во Бугарија, Македонија покажа дека постои начин да се оди напред и тоа ќе го докажете и со Грција. На крајот истакна дека ЕУ е најголемиот трговски партнер на Македонија.