Градоначалникот на Атина денеска и утре во Скопје

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска и утре ќе престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за соработка меѓу двата главни града.

Станува збор за возвратна посета, откако скопскиот и атинскиот градоначалник се сретнаа во Атина на почетокот на февруари.

Веднаш по средбата на Каминис и Шилегов, атинскиот градоначалник во интервју за МИА го најави потпишувањето на меморандумот за соработка при посетата на Скопје.

Тогаш, Каминис рече дека со Шилегов, ги поврзува и нивната политичка ориентација, и двајцата се социјалдемократи, но најважно од се е волјата за соработка.

Време е подобро да се запознаеме“, беше порака што атинскиот градоначалник, преку интервјуто за МИА, ја испрати до македонските граѓани по средбата со неговиот колега од град Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ