
Судот во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Рочиштето во Врховниот суд во Атина, по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски се очекува да продолжи утре.
Минатото рочиште се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. Бидејќи адвокатите твреа дека станува збор за политички прогон и се обвинети за политички криминал.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.
Едниот процес е за фалсификуваните пасоши, другиот случај е по поднесеното барање за азил, третиот е по македонското барање за екстрадицијата. Грујевски и Бошковски се обвинети во случајот на СЈО тврдина за нелегално прислушкување.