
Катастрофална е состојбата со студентското организирање во земјава
Катастрофална е состојбата со студентското организирање во земјава, студентите речиси и да не се запознаени со начинот на делување правата и изборот на своите преставници, покажало истражувањето на институтот за социолошки истражувања. Испитале повеќе од 600 студенти на УКИМ ама повеќе од половина не знаат воопшто каква е работата на студентскиот парламент, не го знаат претседателот ниту пак учествувале на изборите.
Истражувањето доаѓа во време кога законот за високо образование е веќе во собрание. Со него се предвидува студентското организирање да биде во рамки на универзитетите како засебно тело а не како невладина организација. Целта е да се спречи злоупотребата на парите на студентите и да се доближи до нив.
Инаку според истражувањето на институтот статутот на СПУКИМ воопшто не е достапен, сајтот не работи а од дваесет факултети само студентите од електротехничкиот факултет си имаат свој сајт од каде се информираат. Инаку неформалното студентско организирање започна со формирањето на студентскиот пленум токму поради законот за високо образование. Сега речиси 40 проценти од студентите сметаат дека беше и се уште е потребен, 27 дека е неопходен во секое време, додека околу 10 проценти сметаат дека не бил потребен или не е повеќе потребен.
Билјана Николовска