
Како се троши средношколскиот денар?
Средните училишта најмногу трошеле на канцелариски материјал. Компјутерската опрема е на второ место, а потоа следуваат средства за други дејности. Во голем број од јавните набавки имало мала или речиси никаква конкуренција бидејќи имало еден или двајца понудувачи.
Друштвото за трговија и услуги ДБ Системи Дооел Скопје е фирмата која во периодот од 2013 до 2016-та година добила најмногу тенреди, или вкупно 89. Начинот на кои биле спроведувани тендерите беа причина за ревизија во средните скопски училишта Здравко Цветковски и Арсени Јовков, каде поради сомневања за местенки беше извршена ревизија. Ваквите анализи, велат професорите се добри во интерес на потребата од поголема транспарентност .
Оваа констатација се поврзува со заклучокот од истражувањето според кое постои слаба информираност на учениците и родителите за нивните права и можности поврзани со трошењето на јавните средства. Една од поранешните среднопшколки како најголем проблем го посочи нејаностиите при изборот на туристичките агензии за екскурзии.
Истражувањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација покажала дека средните училишта треба да посветат посебно внимание на составот на Комисиите за јавни набавки.
Сања Јовановиќ Дамјановска