
Робертсон пристигна во Скопје
По безмалку две децении, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, поладнево пристигна во Скопје. Тој е еден од поранешните странски дипломати кои дојдоа во поддршка на Македонија за Алијансата.
Робертсон доаѓа во друштво на францускиот дипломат Ален Ле-Роа, поранешениот специјален советник за комуникации на Генералниот секретар и портпарол на НАТО, Марк Лејти, поранешен претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, и други.