Собраниската комисија ги разгледа годишните извештаи на УБК и АР

Повеќе од два часа пратениците од комисијата за надзор на тајните служби ги прашуваа директорите на УБК и на Агенцијата за разузнавање, што сработиле лани и што планираат да прават ова година. Но сето тоа беше зад затворени врати, затоа што се уште годишните извештаи се класифицирани информации.

УБК планира да ги декласифицира информациите од годиниот извештај и во иднина да ги објавува јавно. Пратениците од власта пак сметаат дека промените во сферата на тајните служби е отпочната, велат треба професионализација и научен пристап кон разузнавањето.

Промена е и потребна во вордингот, односно во дефинициите за закани кои ги обработуваат контраразунавачите, истакна директорот Николовски. За случајот Сопот од 2003-та во кој СЈО се откажа од обвинението поради злоупотреби и малтретирање во истрагата, употребено од страна на припадници на УБК, првиот човек на Управата вели дека за одговорност надлежно е специјалното обвинителство.

Во тек е договор кога комисијата ќе ја посети УБК, а Николовски тврди дека во други институции не се прислушува и дека УБК до формирањето на ОТА ќе следи комуникации согласно законот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ