Кливленд го врати брејкот, Сан Антонио се спаси од елиминација

Кливленд славеше на гостински терен кај Индијана со 104:100 и ја израмни серијата прв до четири победи во првото коло од НБА плеј офот во Источната конференција. За брејкот во Индијанаполис се погрижи Леброн Џејмс, кој постигна 32 поена и 13 скокови во 221 меч за него во кариерата од доигрувањето со кој се искачи на шестото место на вечната листата престигнувајќи го Коби Брајант. Домантас Сабонис со 19 погодоци беше најдобар стрелец кај Пејсерс.

Резултати 1. коло плејоф:

Исток

Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 104: 102 (2:2)
Вашингтон Визардс – Торонто Ррпторс 106: 98 (2:2
Индијана Пејсерс – Кливленд Кавалирс 100:104 (2:2)

Запад

Сан Антонио Спарс – Голден Стејт 103: 90 (1:3)

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ