
КОД: Извршители и МПЦ тргнаа по објектот на Матка
Што има на Матка- планинарски дом или манастирски конак. КОД во вечерашното издание го истражува долгогодишниот судски процес меѓу МПЦ и планинарската федерација за владение врз овој објект.
МПЦ со денационализација го доби земјиштето, додека објектот кој со децении беше планинарски дом е доградуван и реновиран од планинарската федерација и од угостителите кои сега стопанисуваат со него.
Црквата успеа преку суд да го добие и објектот и со извршител тргна да го презема.