ДПИ:Мерки против одговорните во случајот со екскурзијата во Италија

Инспекцискиот надзор во неготинската гимназија Свети Кирил и МЕтодиј покажал низа нерегуларности во подготовката и реализирањето на екскурзијата во Италија. Мерки ќе бидат превземени против директорката, водичот на екскурзијата и класниот раководител. Констатирано е дека не превзеле мерки за безбедност за двајцата средношколци кои поради тоа што доцнеле половина час биле оставени во хотелот во Италија додека групата ја продолжила екскурзијата во Франција, и се вратила вечерта.
ТЕЛОП Томе Спировски директор на ДПИ Државниот просветен инспекторат ќе поднесе предлог до градоначалникот да превземе мерки против директорката меѓу кои најстрогата е нејзино разрешување. Против наставниците ќе бидат поднесени дисциплински мерки согласно законот за работни односи.

Неправилности биле утврдени и во начинот на составување и работа на стручниот тим која ја подготвувал екскурзијата . И покрај правилото според кој членови можат да бидат само класни раководители, во него имало и наставници кои тоа не се. Надзорот на инпекторите утврдил и дека немало писмена согласност од родителите на сите деца кои биле на екскурзија, што лесно можело да предизвика проблеми на граница со оглед на тоа дека дел од нив се малолетници. Според заменик министерот за образование, за сето ова мора да има одговорност.
Тонски Арбр Адеми заменик министер за образование
ПЕдагошки мерки ќе бидат превземени против учениците кои дивееле за време на екскурзијата. ЗАконот предвидува тие да можат да бидат опоменати, да им се намали поведението, но и да бидат преместени во друго одделение или училиште. Однесувањето на децата било причината поради која тур операторот за Италија и Европа ја прекинал соработката со агенцијата која го релизирала патувањето. Сопственикот добил писмо со образложение од претставничката на тур операторот но фотографија од еена од просториите каде некој извршил нужда на подот. Таа изразува запрепастеност од ваквото срамното однесување и дивеењето на учениците по хотелите до раните утрински часови.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ