„Југохром“ нема да стартува додека не ги изгради пречистителните станици

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце нема да проработи во предвидениот рок. Иако се најавуваше дека комбинатот ќе ги запали печките во март или најдоцна во април, тоа нема да се оствари а нови рокови засега нема.

Заменикот министер за животна средина Јани Макрадули вели дека се додека „Југохром“ не ги исполни обврски за купување и поставување на филтри и изградба на пречистителни станици фабриката нема да проработи. Макрадули додаде дека менаџментот доцни со обврските и се возджи од евентуална прогноза за старт на „Југохром“.

„Да не шпекулираме со датуми кога комбинатот ќе профункционира“, вели Макрадули.

Инаку, менаџментот на „Југохром“ има потпишано договор со Владата на РМ со кој се обврзува да набави и постави заштитни филтри и пречистителни станици или но тоа сеуште го нема сторено.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ