
Никој не ги користи појасите во автомобилите
Сите учесници во сообраќајот имаат ниско ниво на на сообраќајна култура, а се зголемува бројот на сообраќајни несреќи во населени места, покажауваат досегашните истражувања што преку нови методи ги спроведува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Повеќе од една година се следи однесувањето на возачите, пешаците, велосипедистите, мотоциклистите, а првичните резултати од терен се поразителни велат професорите од Техничкиот факултет во Битола кои се вклучени во проектот.
„Во Битола за жал 70 проценти не користеле сигуносен појас, тука е некаде бројката и на совозачите, додека сите опсервирани сопатници кои што седеле на задната кулпа не кориселе сигурносен појас, што е поразително. Половина од возачите не отстапиле првенство на пешак на обележан пешачки премин“ вели проф. д-р Зоран Јошевски, Технички факултет Битола.
„Голем број од возачите не ја почитуваат брзината што претставува фактор број 1 за сообраќајние незгоди“, вели проф. Д-р Верица Данчевска, Технички факултет Битола.
Загрижува и однесувањето на пешаците, кои се најранлива категорија учесници во сообраќајот.
„Во општина Битола, преку 36 проценти и во услови кога имало во непосредна близина пешачки премин на 10, 20, 30 метри одлучувале да преминат надвор од пешачи премин“, вели Јошевски.
„Кај нас има еден интересен факт, дел од пешаците мислат дека за нив не важи Законот за безбедност во сообраќајот и не се свесни дека најмногу страдаат во сите тие појави“, вели Данчевска.
Проектот „Примена на индикатори за следење на безбедноста во сообраќајот“ се спроведува на територијата на целата држава заедно со локалните самоуправи и полицијата. Покрај тоа што се набљудуваат учесиците во сообраќајот, се идентификуваат и недостатоците на патната мрежа, а сите добиени резултати ќе се достават до Владата заедно со предлог мерки и активности за секоја општина како да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се делува превентивно и да се намали бројот на жртви во сообраќајните несреќи на патиштата во државата.
Емилија Мисирлиевски