
9 нови заболени од Корона, од понеделник тестирања ќе се закажуваат и кај матичните лекари
Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид остануваат 6 те града во кои има заболени од Ковид 19 но од вчера бројката порасна за 9 ново заболени и а вкуниот број 85. На инфективна е непроменето. Повеќето пациенти се со полесна клиничка слика, жената од Дебар е се уште на ресиратор но има и тројца кои се со потешка форма на пневмонија но и тие се стабилни, информираше министерот за здравство. Зболените кои се во домашно лекување има 20 но таа бројка се менува од ден во ден и за нив, министерот рече дека се во контакт со инфектолозите од клиника а стабилена е и здравствената сосотојба на пациентите во Дебар.
Граѓаните од денеска можат да се јават и на новиот кол центарот со 10 линии на бројот 0800 002 03. Од понеделник стартуваат и двата пункта за земање на брисеви во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ а закажување на термин за тестирање ќе може да се прави и преку матичните лекари.
-Денеска заврши координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување преку системот „Мој термин“, а после јавување на нивните веќе пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Тоа значи, дека од понеделник освен телефонските линии за информации во центрите за јавно здравје во Кол-центарот во Здравствен Дом Скопје пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање материјал во двата пункта доколку се постави индикција според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат, рече Филипче
Филипче информираше дека денеска завршила јавната набавка за респиратори но ке биде поништена и повтори дека состојбата со респираторни машини и дека имаме 120 респираторни машини на располагање.
-Иако успеавме да постигнеме релативно добра комерцијална цена од 16 илјади евра, ниту еден економски оператор не можеше да го задоволни критериумот за итна набавка заради тоа постапката во тој дел ќе се поништи. Министерството за здравство ќе даде предлог до Владата да ја спроведе истата, објасни министерот
Опремувањето на спортските сали како резервни болници по примерот на Хрватска и Бугарија, според македонските здравствени власти би се користело како последна фаза. Министерот потврди дека за ова денеска дискутирале и на комисијата за заразни болести и истакна дека државата е подготвена и за тој концепт на располагање има 500 кревети но потврди дека повеке се анализирал германскиот модел.
-Има механизми по кои може да се третираат пациентите, како што е германскиот модел, а тоа е во болница да се лекуваат само пациенти на кои може да им биде потребна респираторна машина, секако и пациентите кои се на респираторна машина и сосема солиден третман е домашното лекување како што практикува Германија за пациентите кои имаат полесна форма на вирусот
За тоа дали ќе се набавува лекот за маларија кој би се употребувал и леквуање на заболените од Корона, министерот вчера комуницирал со меѓународното претставништво на компанија за евентуална нававка за соодветна количина на лековите и рече дека очекува одговор од компанијата следната недела.
За заболениот брачниот пар од Кавадарци од кои сопругата е доктор, министерот рече дека била направена епидемиолошка анкета и биле анализирани сите со кои биле во контакт мегу кои и здравствените работници во болницата во Кавадарци и потенцијалните паациенти кои биле или се во ризик. Од дел биле земени и брисеви за тестирање и резулататие ќе се знаат најдоцна утре.
Елена Ивановска Мукоска