89 новозаболени и седум починати од Ковид-19

Осумдесет и девет новозаболени од коронвирус и седум починати е билансот на епидемијата на Ковид-19 во земјава во последните 24 часа. 35 од новите случи се од Скопје, 27 се од Штип, додека Куманово по неколку дена едноцифрени бројки на заразени денеска има 12 нови случаи. Во Тетово се регистрирани седум нови случаи, во кочани има четворица, додека по еден регистрираа Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе. Вкупната бројка активни случаи во Скопје сега е 298,  каде најмногу од новите случи се во Чаир. На листата со најмноги активни случаи следно е Тетово со 83, следен е Штип со 68, па Куманово со 55 случаи, 30 Прилеп и 27 Велес.

Во болницата „8 Септември“ во последното деноноќие починаа шест лица. Две се од Скопје на возраст на 83 и 80 години, две од Куманово на 73 и 66 години. На последиците од вирусот му подлегнал и 44-годишен Стружанец и 65-годишен тетовец. На Клиниката за инфективни болести пак починалк еден пациент од Тетово на, 54 години.

Новите бројки ја натераа Комисијата за заразни болести денеска да размилува за повторно враќање на полицискиот час, но не на територија на целата држава, туку по општини. Сепак за конечна одлука ќе се почекаат и утрешните бројки на новозаболени. Од Комисијата за Телма велат декапозитивно во целата ситуација е што се познати кластерите, поточно контактите кои ги имале заболените, како што се семејните собирања во Чаир и Тетово, но и заедничкиот превоз на текстилните работнички во Штип.

Од Истражниот затвор Скопје за Телма потврдија дека вчера кај нив било донесено лице кое било примено и ставено веднаш во изолација според заштитините протоколи. Откако е јавено дека притвореникот е позитивен на ковид-19, лицето веднаш е испратено на Инфективната клиника, а сите простории, според протоколот, биле дезинфицирани, информираат од затворот во Шутка.

Во последното деноноќи направени се 727 теста од кои 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи во Приле и Скопје, од каде како позитивни се  покажал 3 случаи и тоа од геронтолошка установа во Скопје.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ