Лукаровска заразена, премиерот тестиран, вицепремиерка и министер негативни на Ковид19- кластер во СДСМ

Уште еден заболен во врвот на СДСМ. Директорката на УЈП Сања Лукаревска објави дека е заболена. Се тестирала на Ковид 19 откако нејзиниот сопартиец Мухамед Зекири објави дека е заболен.

  • Направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција, напипша на ФБ Сања Лукаревска.

За кластерот кој се отвори во СДСМ, партискиот претседател вели мора да се биде претпазлив и да се почитуваат мерките.

-Почитувањето мора да биде максимално. Дури и овие два слуачеви не сме почитувале до крај, како луѓе. Нашиот потпретседател Мухамед Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат. Снаата веројатно од своето семејство. Не сме почитувале доволно. Од она што ми е кажано од министерот Филипче синоќа, интензитетот кај Сања Лукаровска е олабавен и можноста за пренос не е иста како што е индикативно кај Зекири, изјави претседателот на СДСМ Заев.

Зекири потоа преку фејсбук оцени дека станало забор за ненамерна грешка на партискиот претседател и дека тој ниту имал дозвола ниту шетал за време на полициски час. Сите ифтарски вечери ги терал дома без гости, а само на викенд на Бајрам бил на гости кај потесното семејство кое сега се тестира. Зекири со Лукаревска, но и со други функционери на СДСМ кои сега се во самоизолација се сретнале на партиски координативен состанок. Двајцата заразени се дел од кандидатската изборна листа во втората изборна единица каде носител е премиерот Оливер Спасовски.

Вчера во Куманово беа кандидатите, но го немаше Мухамед Зекири. На граѓаните им делеа заштитни маски во пакет со изборни флаери.

Техничкиот премиер и директорката Лукаревска имаа блиско разминување без заштитни маски, но засега нема информации дали и Спасовски ќе биде повторно во самоизолација. Во самоизолација се и вицепремиерката Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, кои се тестирале и се негативни како и Марјан Забрчанец и директорот на Службен Весник Мартин Костовски. Иако не бил на координативен состанок поради средба со Зекири се огласи и директорот на финансиската полиција Арафат Муареми кој исто така замина во изолација.

  • Овие денови имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитив на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции. Немам никави симптоми, додека во текот на ова недела ќе бидам тестиран од ИЈЗ, напиша на ФБ Арафат Муареми.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев бил негативен на првиот тест и е во самоизолација затоа што во четвртокот гостуваше на дебата со Зекири, а во изолација е и новинарката Душица Мрѓа. Во самоизолација е и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу кој имал контакти со заразени лица од неговата општина која е на врвот по број на нови случаи. Сите заразени од партиите, но и политичките партии апелираат за подоследно почитување на мерките.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ