80 илјади луѓе гладуваат со три оброка неделно, додека други фрлаат леб

Во Македонија од храна најмногу се фрла леб, додека 80 илјади луѓе гладуваат со само три оброка неделно. Алармантни податоци покажуваат истражувањата по градови на Банката за храна на Македонија. Во Скопје дневно се потребни повеќе од 13 илјади оброци за социјално загрозени жители.

Додека, народните кујни каде што се прехрануваат оние кои немаат за храна, делат до 2.000 оброци на ден. Од Банката за храна на Македонија апелираат до бизнис заедницата да се мотивираат и повеќе да донираат храна.

Според правниците, во законите не е убаво објаснето што значи вишок на храна и како се менаџира истиот. Бараат законски измени и детално да се образложи што е вишок на храна, кој ја прибира и каде таа се доставува.

Донирањето на храна не е целосно регулирано ниту во Европската унија. Европските искуства покажуваат дека со законските измени во Италија, за 20% се зголемил бројот на фирми кои донираат храна.

Бројките на асоцијацијата „Ајде Македонија“ покажуваат дека околу половина милион жители имаат проблем да дојдат до храна. Живеат со по еден оброк дневно. Во Европската унија, годишно 88 илјади тони храна завршувааат во корпа за ѓубре.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ