8 медицински лица и 2 пациенти позитивни на корона вирус на институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле

79 годишен болен од ковид од Дебар починал утрово на инфективната клиника. Од министерството за здравство информираат дека кај него била дијагностицирана болеста 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Од утрово има нови 26 случаи кои се регистрирани како позитивни, од кои 8 се медицински лица од заводот за физикална медицина и двајца пациенти.

Сите се поврзани со заразениот маж од Тетово кој лежел на оваа клиника.

Но, синоќа една жена починала во болницата во Струга, а сомнежите се дека е можно да се работи и за позитивна на корона вирус.

Посмртно и е земен брис бидејќи имала слични симтоми но и други хронични болести.

Во меѓувреме се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа  дома почина од коронавирус.

Во меѓувреме се земаат изјави од сите кои биле тој ден на работа, а инфективното во охрид е под клуч а во клиниката е поставен нов директор хирургот, Горан Балевски.

За сега не се знае дали регионите на Лабуништа, и Татеши ќе се затвори по теркот на Дебар и Центар Жупа откако епидемијата забрзано почна да се шири.

Вкупниот број на заболени до денес е 285 луѓе откако деветмина се испишани од клиниката и тоа 8 од нив се од Дебар додека еден е од Скопје.

Тие последователно на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ