И улиците во Битола празни за Велигден

Празни улици, празни храмови. Сликата во Битола за овој продолжен Велигденски викенд е  иста како  и во сите градови низ светот каде  на сила е полициски час.  Празен остана и нaјголемиот храм „Св Великомаченик  Димитриј“ и црковниот двор каде секоја година за Велигден верниците ја чекаат веста за Христовото воскресение. И најдолгата пешачка зона во Битола  како што никој досега не ја видел.

-Вака изгледа познатата битолска улица Широк Сокак за време на полициски час. Прекинат е вековниот ритуал на пиење кафе во автентичен амбиент, традиција по која е Битола е прпознатлива низ светот.

Обиколката ја продолживме низ главните сообраќајници низ Битола. Веднаш по првиот мрак, тишината ја наруши невообичаена раздвиженост на автомбили  која траеше половина час. На прашањето во полиција зошто има возила низ улиците во градот, одговрија дека периодот околу 19 часот се поклопува со интервалите за сменско работење. Се контролираат сите возила, оние лица што имаат дозвола се евидентираат, останатите се санкционираат, одговорија од полицијата.

Привилегија   да бидат на надвор повеќе од другите   имаат сопствениците на миленици, кои максимално го користат времето за прошетка. Ги сретнавме на повеќе локации низ градот. Да се остане дома за време на овој досега најдолг 85 часовен карантин граѓаните велат не  е лесно, но ја почитуваат мерката.

-Сите го почитуваат полициксиот час, еве излеговме малку на тераса, и луѓето со кучиња сега гледам излегуваат, се е во нормала , велат битолчани.

По обиколката на неколку битолски населби,  следеше  и правата средба со полициска патрола. Најпрво се бара  дозвола за движење, па личните документи и исправите.

-Од Телма телевизија сме.

– Дозвола за движење?

-Повелете.  Како е мирно?

-Мирно е сега засега, велат од полициата.

Градските власти  го искористија овој полициски час во продолжениот   празничен викенд за масовна дезинфекција на улиците, јавните површини и влезовите од зградите. Во акцијата се  вклучени стотина лица од јавните претпријатија, приватни фрими и волонтери.

 

Емилија Мисирлиевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ