75 години од Холокаустот на Евреите во Македонија

Членовите на битолското еврејско семејство Калдерон, кои припаѓаат на три генерации, допатуваа од три континенти Северна и Јужна Америка и Азија и се сретнаа во Битола на 75 годишнината од депортацијата на битолските Евреи. Меѓу нив е и Сара Ле Гутман Калдерон, која е родена во Битола и е ќерката на единствената Еврејка од Македонија Гита Алегра, која го преживеала Холокаустот во логорот Аушвиц. Починала во Израел и оставила порака на својата ќерка да го посети родниот град

„Ако  беше мојата мајка сега тука ќе кажеше –победив, сега имам ново семејство, затоа што го изгубив претходно целото семејство“, изјави Сара Ле Гутман Калдерон.

Нејзините родители побегнале од Битола ден пред депортацијата на Евреите во 1943 година. Ја минале грчката граница и се засолниле во Костур.

„Татко ми се придружи на партизаните, а мајка ми со брат и остана во Костур. Татко ми се обиде преку езерото да дојде да ги земе со брод со уште еден човек, но германските офицери ги забележале и пукале на нив и не успеаја во намерата. Во 1944, Германците ги зедоа сите Евреи од Костур и ги однесоа во Аушвиц. Мајка ми и брат и беа одведени во Аушвуиц и други логори. На крај, од 1.000 жени преживеаја само триесетина, кога Американците пристигнаа и ги ослободија“, вели Сара.

Седумдесет и пет годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, годинава ќе биде одбележана во Битола, Скопје и Штип со низа случувања во наредните два дена во спомен на овој трагичен настан.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ