73-годишен велосипедист од Кичево тешко повреден во сообраќајка

73-годишниот велосипедист С.Л. од Кичево вчера бил тешко повреден од патничко возило „ауди“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од кичевчанецот М.Ф.(55).

Сообраќајката се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Велосипедистот, кој се здобил со тешки поведи, бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево информираат од СВР-Охрид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ