Владата го разреши началник на СВР Тетово и го врати Амир Далипи

Функцијата началник на СВР Тетово на Гоце Јанкуковски му траеше само два дена. Откако оваа раководна позиција ја доби на 16 февруари од техничкиот министер за внатрешни рабои Наче Ќулев, на 18 февруари Владата на Македонија го поништи ова решение и на негово место за прв човек на оваа институција, го врати поранешниот началник Амир Далипи.

Токму на предходната промена на раководните позиции во СВР Тетово реагираше дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, СлавјанкаПетровска.

Таа истакна дека поради законски пречки, односно поради назначување во изборен период, таа одбила да го потпише назначувањето на Гоце Јанкулоски за началник на СВР Тетово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ