Скопското обвинителство ќе ја води предистрагата за предметите од Врховен

Скопското основно обвинителство ќе истражува зошто и како 30-тина стари предмети останале во кабинетот на експретседатлеот Јово Вангеловски иако биле решени. Зошто немало потписи од сите судии што одлучувале и зошто се дозволило дури и еден застари.  Дали има простор за кривично гонење и кого,  дали за експретседателот на Врховен Вангеловски или пак кај други вработени во Врховниот суд, треба да покаже предистрагата, објаснуваат од обивнителството.

Ова следува откако претседателот Фаик Арслани го информирал судскиот совет кој пак испрати известување до републчичкиот обвинител Јовески  за затекнатата состојба при примопредавањето на функцијата Вангеловски и Арслани.

На прашањата не Телма од пред една недела одговор од обвинителството добивме денеска:

-Јавното обвинителство на Република Северна Македонија го прими известувањето за кое покажувате интерес. По разгледувањето на информацијата, предметот е испратен на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

Повредено е правото на судење во разумен рок на странките во овие предмети предупредуваат од невладините од Блупринт групата за реформи во правосудството и апелира ЈО сериозно да ги испита индициите за злоупотреба на службената несовесното работење во службата  од страна Вангеловски, а поврзано со попречување на правдата

Во услови кога нивото на доверба кај граѓаните во судството е на ниско ниво, имајќи ги предвид и разговорите од незаконски следените комуникации кои укажаа и утврдија дека кај одредена група на судии постојат сомнежи за политичка корумпираност поради тоа што истите работеле во корист на владејачката политичка елита, неопходно е воспоставување на пракса на кривична одговорност и казнивост на носители на функции за кривични дела против правосудството, пишува во вчерашното соопштение на Блупринт групата.

Деновиве и  В.Д претседателот на Врховен, Фаик Арслани, раскажа што се случило и додаде дека им дал предност на овие предмети да се завршат. Биле повторно разгледани, пререферирани и донесени одлуки. Претседателот на судски Здравев пак рече дека тие немаат многу што да направат со оглед на тоа што советот го разреши Вангеловски па затоа ги известиле  обвинителството и антикорупциска.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ