66 новозаболени од КОВИД 19, најмногу во Куманово

66 нови случаи на корона вирусот во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство. 76-годишната пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на корона вирусот, и овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје. Најмногу од денешните заболени се во Куманово, 27, во Скопје се 10, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица, од кои најмногу се во Скопје 339, па следува Куманово со 262-ца заболени. На 12 пациенти кои биле на домашно лекување им се констатирани два негативни теста по ред, и тие се излечени.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација. Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика. Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти. Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ