610 жени во Македонија се жртви на семејно насилство

Ова е победничкиот танц на Надја и Дакота ,танчери кои на француското шоу јас имам талент се обидоа да му пренесат на светот дека за насилство врз жените нема оправдување. Но, пораката не стасала до 610 домови во Македонија.Толкав е бројот на жени кои годинава пријавиле дека се жртви на семејно насилство.Истражувањата на ОБСЕ велат дека само 2 процени од жените кои физички и психички се малтретирани од партнерот пријавиле во полиција, па се претпоставува дека реалните бројки се поголеми од статиситиките.Три од пет жени мислат дека насилството врз жените е вообичаено. Зад ваквите статистики не заостануваат и пријавите за сексуално насилство – 8 за две години.

 Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека жртвите на сексуално насилство се уште несоодветно се третираат од МВР и од здравстените служби, но од голема помош се трите центри за упатување на жртви на сексуално насилство.

Центрите нудат целосна медицинска помош за овие жени . Само во скопскиот работи тим од 40 лекари, медицински сестри и социјални работи , и работат 24 часа секој ден во неделата.

Со настанот во паркот „Жена борец“ обоен во портокалово, пред 10 дена се одбележа почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Деновиве се организира настани за борба против насилството врз жени и девојчиња , а денеска се одржа панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ