600 родители во Скопје потпишале дека не прифаќаат нивните деца да бидат вакцинирани против мали сипаници

Повеќе од илјада родители низ земјата испратиле своја изјава до здравствените инспектори дека одбиваат да ги вакцинираат децата со некоја од предвидените задолжителни вакцини.

Во Скопје, во време на епидемија, 600 родители потпишале дека не прифаќаат нивните деца да бидат вакцинирани против мали сипаници и таквиот документ го испратиле во поштенското сандаче на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Родителите ќе плаќаат казни ако со своите постапки го загрозуваат колективното здравје – не попуштаат инспекторите. Тие може да достигнат и до 500 евра.

Уписите во основните училишта ќе траат се до почетокот на новата учебна година. Задолжените во училиштата ги примаат документите на сите деца кои доаѓаат да ги предадат за упис. Но, запишани ќе бидат само децата кои имаат исполнети вакцинални картони.

Епидемијата на мали сипаници веќе пола година трае на територија на целата држава.

Имуни на заразата не беа и дел од здравствените работници во здравствените домови, кои немале не биле вакцинирани со една или две дози од МРП вакцината. Здравствените власти потврдија дека во тек е масовна вакцинација и кај нив, а досега ниту еден здравствен работник не одбил да се вакцинира.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ