6 здравствени работници од Штипската болница позитивни на корона вирусот

Шест здравствени работници од штипската Клиничка болница се позитивни на корона вирус, од кои четворица се од Инфективното, еден е лекар од интензивна нега и една медицинска сестра од ортопедија.

Новиот случај од минатиот петок со пациент заразен со коронавирус на штипската ортопедија, кој сега е хоспитализиран во болница 8 ми септември во Скопје  дополнително во самоизолација смести четворица здравствени работници, а една сестра од операциона сала од ова одделение е позитивна.

Додека посебни мерки се преземени на ортопедија,  на штипското Инфективно одделение ќе се нормализира работата, со враќање на работа на осум медицински сестри, еден инфектолог и болничар, кои по двата тестови се покажаа дека се негативни.

На интензивна нега и покрај тоа што еден анестезиолог е заразен нема проблеми со кадарот оцени Ѓеорѓијев, бидејќи на работа се и специјализантите.

Тестовите и покрај тоа што беа приоритетни за здравствените работници доцнеа и по неколку денови, проблемот ќе се надмине со доставување во лабораторијата во МАНУ, а од денеска не стартуваше поради технички причини.

На штипското Инфективно одделение пет пациенти ги чекаат резулатите од брисевите,  а сдевет пациенти се лекуваат од коронавирус.

Една пациентка деновиве е пуштена на дома откако двата тестови и се негативни и наскоро ќе влезе во бројката на излекувани пациенти.

Штипската болница деновиве доби над 15.000 евра од општествено одговорните компании за справување со пандемијата.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ