6 починати 42 оздравени пацинети и 54 новозаболени ова е најновата состојба со Ковид 19 во земјава

Двајца пациенти од Куманово двајца од Лабуништа и по еден од Велес и Прилеп се најновите жртви на корона вирусот во земјава. Двајца биле хоспитлаизирани во 8 ми септември а 4 ца на Инфектина. сите на возраст од околу 60 години и повеќе. По два негативни тестови како позитивна вест добиле и 10 пациенти кои ја напшуштаат Инфективната клиника во добра здрсавствена состојба а оздравеле и 12 мина жители на дебар и 20 од Скопје кои биле на домашно лекување информираа од министерството за здравство. Изминатото деноноќие се направени и 710 тестови што е зголемувањер во споредба со претходните денови а новодијагностицирани има 54 случаи.  Половина од новозаразените се Куманово 23 а заедно со Липково бројката е 25, Скопје 13 Прилеп има нови 10 случаи, Велес 2, Штип, Тетово и Гостивар по еден а за прв пат позитивен на корона има и во Кичево. Вкупно заразени досега се  908.

Општинскиот кризен штаб и градоналачникот на куманово, градот кој денови наназад има најголем број на нови заразени со корона, од владата бараат да го стави градот во 14-дневен контролиран карантин и да воведуведе кризна состојба . Да се затворат затворање на влезовите и излезите од градот со одредени ислучоци како за вработените во институциите и стопанството. Ситуацијата е сериозна порача градоначалникот Максим Димитриевски.

-Кризната состојба ја бараме за да се засили присуството на државните институции и органи и тие директно да се вклучат на територија на Општина Куманово во борба против вирусот по примерот на Дебар. Сметаме дека ова е добар пример кој може да се примени и во Куманово со цел ова болест да биде искоренета на територија на наша општина и воедно да не претставуваме закана и за останати општини во регионот со ширење на овој вирус .Сакам да напоменам дека на 22.03 Куманово имаше три случаи, денеска Куманово има 224 случаи, тоа значи дека епидемијата во нашиот град се шири, ние веќе влегуваме во ризична група и смртноста е веќе на 5,36 отсто, тоа се информации кои јас ги добивам од теренските епидемиолози, изјави Димитриевски.

Меѓу ново заразените има и двајца здравствени работници од Куманово со што бројката на заразени доктри и медицински лица во овој град достигна 44 поради ова општинскиот кризен штаб бара Министерството за здравство треба да донесе одлука за реорганизација на болницата .Но освен во кумнановската болница болеста  била лоцирана како се шири и во центарот на градот и во 10тина кумановски населби.

-Епидемиолошката состојба се менува секојдневно, ако во почетокот на самото јавување на првите заболени беа опфатени неколку семејства, сега имаме освен центарот на градот, повеќе колективи, болницата ја земаме како еден колектив каде имаме локална трансмисија како меѓу здравствени работници и пациенти кои допринесуваат за зголемување на бројот, од друга страна имаме 10 зафатени населби приградски каде имаме појава на различен број заболени, изјави др. Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

До вчера брјаката на заболени здравствени рбаотници во цела држава е 121 според податоците од Институот за јавно здравје.

 

Елена Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ