
МЕПСО: Ќе ги намалиме испадите во преносот
Скршени челични или бетонски столбови и испади во снабдувањето со електрична енергија како резултат на временските неприлики во иднина ќе се сведат на минимум. Од електродистрибутивниот систем МЕПСО уверуваат дека преку 11 тендери кои се активни во моментов, ќе се ревитализираат старите и дотраени далноводи и ќе се модернизираат трафостаниците а проблемите со снабдувањето со струја поради снег и ветриштата ќе бидат многу поретки.
„Ќе ги намалиме, но сепак се зависи од временските прилики, но не можат да се исклучат испади па да имаме и најмодерна мрежа)Во секој случај новиот систем во голема мерка ќе го намали ризикот, ќе имаме поголема стабилност и сигурност за граганите“, вели директорот Сашо Василевски.
Во последниве 6 месеци МЕПСО има отворено инвестициски процеси со вредност од 30 мил евра.За ревитализација и модернизација на 8 трафостаници и за изградба на уште 4 нови далекуводи ќе се вложат 20 мил евра. Иако дел од договорите со ЕБОР се потпишани уште во 2013 и 2015 година, активностите се забрзуваат дури сега.
„Кога го презедовме МЕПСО, во август лани, затекнавме многу закочени проекти алармантна ситуација кои се финансиски поддржани од Европската банка за обнова и развој.) 1,30-1,45 ( договорот со ЕБОР е потпишан 2015 а до 2017 реализацијата не беше поголема од 3 %.заради неискористеност на тие пари, плативме близу 1 мил евра за камати и пенали“, вели Василевски.
Наскоро се очекува да биде обелоденето и конечното решение во однос на обрската што произлегува од третиот пакет мерки, препораките на ЕУ и новиот закон за енергетика ,за издвојување на сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО
Деталите во законот за енергетика според Анѓушев биле прецизирани на завршните разговори кои со претставници на Енергетската комисија се одвивале во текот на неделава.
Виолета З. Стојановска