
55 илјади земјоделци ќе добијат меѓу 500-100.000 денари за нафта
55 илјади земјоделци ќе добијат најмалку 500, а најмногу 100, 000 денари парична помош за да купат нафта на бензинските на Макпетрол. Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството на јавен оглас ја избра нафтената компанија Макептрол која за 200- те милиони денари ќе им ги полни резервоарите со зелена нафта на македонските земјоделци. Најмалку ќе добиваат земјоделците до 2000 квадрати посеани пворшини, а најмногу овоштарите.
На Макептрол ќе му бидат потребни 60 дена да ги изработи платежните каритчки кои ќе ги добие секои регисттиран земјоделец, а со нив ќе може да купува горив на 125 бензиски пумпи.
Министерот за земјоделство потсети дека со оваа мерка се субвенцираат 30 проценти од вкупно потрошената нафта за змејдоелсктие машини на земјоделците.
Тројцата потписнци на субвенцијата ги потестија змејоделците при првото полнење нафта со картичката задолжително да ја проверат состојбата на картичката и да ја споредат со износот на одобрената финансиска поддршка потврдена во решението. Проверката се прави на касата на бензинските станици на „Макпетрол”.
Павле Беловски