
54 кревети е капацитетот на објектот за изолација во Демир капија
Ова е објектот во близината на Демир Капија кој надлежните го одредија како болница за лицата кои ќе бидат ставени во изолација доколку епидемијата на коронавирусот добие несакани размери.
Станува збор за објект специјално наменет и опремен за да може да пружи нега и заштита на пациентите, а локацијата заедно со безбедносните протоколи би ја спречила паниката кај локалното население но и монжоста од евентуално ширење на зарзата.
Овој објект се наоѓа на неколку километри од градот, изолран во природата далеку и од Заводот во Демир Капија.
Објектот има капацитет од 54 легла кој дополнително може да се надгради доколку има потреба со посебни простории за лицата кои се во изолација кои се опремени со неопходните технички апарати за нормално живеење и функционирање.
Од министерството за здравство соопштија дека здравствената состојба на трите лица заразени со коронавирус е стабилна.
Тие се во изолација на инфективната Клиника во Скопје. Утре повторно ќе се тестира заразената скопјанка, првиот случај во Македонија, чии последни тестови беа негативни на присуството на вирусот.
„Состојбата на двајцата сопружници заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.Стабилна е и првата заболена пациентка, чиј последен контролен тест беше негативен, но во текот на утрешниот ден ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна“ – соопшти министерството за здравство.
Надлежните им наложија на сите патници од автобусот со кој се превезуваа заболените сопружници од Дебар, како и на лицата кои беа во директен контакт со сопружниците, да бидат во домашен карантин.
Станува збор за вкупно 35 лица кои ќе бидат под постојан надзор на епидемиолозите и полициските тимови, а екипи на Црвениот крст ќе им доставуваат намирници и продукти неопходни за нормален живот и функционирање.
„Во вторник, 10 март, истекува перидот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-иот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај“ – тврди министерството за здравство.
Според официјалните податоци на надлежните во моментов во домашна изолација во државата се наоѓаат шеесетина лица.
На граничните премини се вршат дополните контроли и анкетирања а апелите за давање на точни податоци и одржувањето на личната хигиена односно често и темелно миење на раце остануваат.
Во зависност од состојбата во Македонија, соседните земји и Европа, Владата во текот на неделата ќе одлучи дали ќе ја продолжи или прекине препораката за ограничување на масовните јавни собири и спротиски натпревари.
Огнен Чанчаревиќ