(видео) 52 новозаболени од КОВИД 19 за едно деноноќие, починаа 4 пациенти

52 новозаболени од КОВИД 19, од направени 661 тестирање, за само едно деноноќие е регистрирано во земјава потврдуваат од Комисијата за заразни болести за Телма. 26 се во Скопје и тоа најголем дел од гази баба, студеничани сарај и чаир, 10 се од Тетово, седум од Штип и останатите по неколкумина од други градови.

Комисијата итно заседаваше и предложи до Владата да им наложи на сите инспекции, полицијата и локалните кризни штабови да излезат на терен и да контролираат. Директорот на институтот за јавно здарвје Шабан Мемети е разочаран од она што се случува на терен. Вчера докторите биле во штип и тетово и сведочат дека не се почитуваат нивните препораки. Наредено е да се направи скрининг на секој што бил и во најмал контакт со заболени во овие кризни жаришта, но и локалните шабови да се поактивни во контролата. Според Мемети ваквата состојба е резултат на непочитување на мерките, несоработката на верските заедници и наглото олабавување.

Починаа 4 пациенти, по двајца во ГОБ 8-ми септември, и двајца на Инфективна клиника.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ