
50 граѓани не го почитувале полицискиот час, нови 130 лица упатени во изолација
Педесет граѓани не ја почитувале забраната за движење односно полицискиот час во изминатото деноноќие, соопшти МВР.
„Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“, соопшти полицијата.
Во последните 24 часа, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Во рамките на контролите кои ги врѓи МВР кај лица кај лица кои се во изолација и самоизолација, не било откриено дека некој не ја почитувал мерката и го напуштил престојувалиштето.