
5 месеци по пожарот – семејството Мирчевски доби кров над глава
За пет месеци од пепел се издигна домот на семејството Мирчевски од беровското село Русиново.
12 членото семејство во март остана без својот дом, откако пожар им го проголта домот. По приказната на Телма хумани граѓани и фирми од странство и земјава веднаш донираа на сметките или помошта пристигна во материјал за градба.
Цели пет месеци се работеше на изградбата на новиот дом на семејството Мирчевски, со цел пред зимата да имаат и кров над главата
Двајцата браќа со семејствата , нивните родители и баба од денеска и официјално се вселуваат во новиот дом.Стопанот на куќата Здравко Мирчевски вели дека по несреќата што ги снајде во којашто го изгубија кровот над главата му се вратила вербата дека во земјава, но и меѓу иселениците постои се уште хуманоста. Да се помогне на човек кога му е најтешко.
12 членото семејство Мирчевски и старо и младо денеска се среќни влегуваат во комплетно нов дом, со нов мебел и сите услови за нормален живот.Упатуваат апел до граѓаните да им помагаат на оние на коишто најмногу им е потребно.
Викторија Јованова