5.000 евра глоба за штипјанецот, кој наместо во самоизолација, отишол на бербер

32 годишен штипјанец наместо да седи во задолжителна самоизолација до 26 март, тој еден ден претходно излегол од својот дом и отишол на бербер. Неговото потсрижување или бричење сега ќе го чинат 5.000 евра. Толкава парична глоба бара Основното јавно обвинителство да му одреди судот.

Со ова тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ОЈО-Штип.

Додека некои нашинци се пристигнати пред еден или половина месец и не ги почитуваат мерките, штипајнецот Христијан Митевски е заглавен го градот Куско во Перу. Поради  пропуст тој не се најде на списокот на патници кои во саботата стигнаа во државата со чартер лет од Бразил.

Тој наместо до амбасадата во Бразил дописот го испратил до МНР. Откако е откриен пропустот Митевски е поврзан со  амбасада во Бразил и и сега е е во активна комуникација со нив, за да се најде начин тој со друга група странски државјани да се врати дома.

Проблем му се 1.200 километри кои треба да ги помине од Куско до Лима, не е загрижен за своето здравје, затоа што граѓаните на Перу се дисциплинирани и ги почитуваат мерките. Митевски кој по вокација е новинар, сепак засебе вели дека е талкач. Во јужна Америка е пристигнат во јануари, а какошто вели тој е последниот македонец кој го посетил Мачу Пикчу, пред да биде затворен за туристите.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ