48 часовен маратон во креирање игри

Дизајн, 3-Д моделирање, креирање звук, програмери и продуценти кои знаат сето тоа да го спроведат се обединија да креираат комнпјутерски игри во рамките на 48 часовниот маратон. Сите игри создадени на овој маратон кој се одржува на  Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство  во Скопје ќе се најдат на светскиот сајт Глобал Гејм Џем.

„Ова е буквално јас кажувам расад за кадри, расад за сите компании кои кај нас се отвораат многу во последно време, многу девелопери . Целната група тука се средношколци, факултетлии и луѓе кои работат во ИТ индустријата професионално. Така што овде човек може да дојде со лопата и си ги натовари сите кадри што му требаат за во фирмата и да да си оди задоволен и среќен“, кажа Гораст Цветковски, Македонска асоцијација за развивање игри.

За жал малкумина кај нас се свесни дека е потребна и државна стратегија за креативноста на овие млади луѓе да биде вреднувана на начин на кој тоа го заслужуваат.

„Напорно работевме, прво 48 часа сме тука без сон, немаме престанато со цртање и размислуваме за идеи за наслови и се останато“, кажа Златко Петровски.

„Доста е важна тимската работа бидејќи сите треба да се усогласиме со своите идеи и да дадеме мислење, да дојдеме до заедничка работа која можеме да ја работиме“, кажа Кристина Петковска.

„Во моментов  гејминг сцената, е- сцената во светски рамки финансиски тежи колку што тежи филмската и музичката индустрија во Америка, кои што се најскапите индустрии во Америка и во светот“, додаде Цветковски.

Целта на маратонот е да ги обедини сите кои креираат и имаат желба да научат да  создаваат компјутерски игри  со што ќе се поттикне креативноста, но и да ја научат тимската работа.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ