46 медицински лица се заразиле со Корона за нецела недела дена

Расте бројот на медицински лица заразени со Корона вирус. За речиси една недела 46 медицински лица се заразиле со Ковид 19.

Пред само една недела беа 73 активни случаи, во изминативе денови бројот на здравствени работници со Ковид 19 се искачи на 119. Факт кој сериозно загрижува.

Она што најмногу ме загрижува во моментов е што не можеме да го предвидеме, а можеме да го претпоставиме дека ќе имаме зголемен број и во внатрешноста и задоволување на потребите на јавните здравствени установи од здравствени работници поради евентуален наплив на заболени со оглед на фактот дека од ден на ден се зголемува бројот на инфицирани здравствени работници. Причина за ова е не до крај почитувањето на препораките и меѓусебните контакти на здравствените работници за време на пауза и за време на работното време после излегувањето од одделот за Интензивна нега, изјави државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев.

Здравствени работници вработени во повеќе болници во земјава за само неколку часа по дадена насока на Министерството за здравство се подготвија и пристигнаа во Скопје на помош на своите колеги.

Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден од Министерството за здравство дадовме насока за трансфер за ангажирање на здравствени работници од другите здравствени установи во внатрешноста. Поконкретно во Клиниката за инфективни болести од вчера се ангажирани 28 медицински сестри, а од вчера вечер во ГОБ „8 септември“ пристигнати се од Велес 4 медицински сестри, во текот на денот уште 18 медицински сестри од другите јавно здравствени установи за потребите на ГОБ „8 септември“, додава Милошев.

Со ова би се амортизирал ударот во акутуелната состојба со Ковид 19  и потребите на хоспитализираните пациенти, смета Милошев.

Во моментов  Ковид центри  се Инфективна клиника,  ГАК и ГОБ „8 септември“ во Скопје,  Клиничките болници во Тетово, Битола и во Штип. Се размислува и за отворање на нов Ковид центар во внатрешноста.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ