Седуммина починати – се повторува рекордниот број од 1 јуни – 46-годишна пациентка починала на прием во амбуланта, 125 новозаболени

Лекарите не успеаа да спасат 46-годишна пациентка од Тетово. Само што била донесена во амбуланата– по неколку часа починала. Нејзиното здравје било кревко бидејќи носела трансплантиран бубрег, но на крај починала од компликации кои ги предизвикала болеста ковид -19, појаснуваат од министерството за здравство.

„Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника“ објаснуваат од Министерството за здравство.

Таа е една од седуммината граѓани во денешниот црн биланс. По, тешко боледување на ковидот му подлегнале и тројца пациенти од Скопје на инфективната клиника и 8 Септември, двајца од Струга и 87-годишен Штипјанец .

Скопје одново е градот во кој вирусот со 89 ново заболени им противречи на здравствените работници. Вкупната бројка е 125 нови случаи. Охраборувачки е падот од само 2 позитивни тестови во Штип и 4 во Куманово, по минатоналдените двоцифрени бројки. Тетово останува втор град со над триста пациенти и 11 нови од денеска.  По, тримесечна пандемија, општина Ресен го доби првиот пациент.8 дена пред да биде хоспитализаран и тестиран бил лечен од сезонска настинка по укажување на матичниот лекар. Отккако лекот сумамед не ги дал посакуваните резултати матичниот одлучил да му даде упат за инфективното одделение во Битола ,а по направениот тест се покажало дека е позитивен на корона.

Имало 1019 тестирања, од кои 19 негативни во градинките ов Скопје, со што  процентот на заболени е 12,5 за останатите граѓани. Скопската населба Чаир ја проби бројката од над 200 заболени, а зад не го следат Центар, Аеродром и Гази Баба. Бројот на активни случаи е 1536 од вкупно 3364 кај кои беше откриен корона вирусот.

Најголемито товар засега го сносни градската општа болница 8 Септмври со над 60-тина сриозни слуаи, а 17 лица на персоналот заклучно денеска се во самоизолација заради сомнеж од ширење на вирусот. Состојбата е подобра на инфективната клиника која има најсериозни протоколи на безбдност на персоналот, објасни во вчерашнотто телевизиско готување директорката Милена Стевановиќ

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, само по еден во главниот град и Прилеп, а 4-ца во Велес. Мухамет Исмаили, советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, е позитивен на Ковид-19, потврди МВР, но со напомена дека Исмаили не се инфицирал додека извршувал работни задачи.

Павле Беловски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ