45 годишен пациент од Скопје, позитивен на Ковид-19, починал на пат кон болницата “8-ми Септември”

Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8- ми Септември“, соопшти владината прес-служба.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево информираше за пет починати пациенти, четворица на Клиниката за инфективни болести (од нив еден од Куманово, од Лабуништа, од Челопек, од Штип) и уште еден пациент починал во Куманово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ