45-годинишна жена е првиот потврден случај на заболен од корона вирус Ковид 19 во Гостивар

Прв случај на Корона вирус е потврден во полошкиот регион. Се работи за 45 годишна жена од Гостивар која пред десетина дена е вратена од Германија. Таа немала симптоми на вирусот, но се јавила на инфективното одделение во гостиварската болница, затоа што лице од странска држава со кое била во контакт имало Ковид 19.  Докторот кој ја прегледал вели дека денеска од Скопје ги добил позитивните резултати за гостиварската пациентка.

Пациентката е изолирана и е сместена на инфективното одделение во Гостивар. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна, а во случај на потреба ќе се транспортира на инфективната клиника во Скопје.

Направена е епидемиолошка анкета и ќе се преземат соодветни мерки за лицата коишто биле во контакт со заболената, односно лицата ќе бидат изолирана.

Директорот на госитварската болнциа Јакуп Јакупи, вели дека како установа ги презеле сите мерки за справување со состојбата. Засега заштитна медицинска опрема има, но истата поради вонредните услови многу се троши.

Освен 45 годишната пациентка тестовите направени кај сите 20 лица од Гостивар кај кои е извршено тестирање се негативни.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ